За Нас

 


Националната Институција Центар за култура „Јордан Х.К-Џинот“, Велес е една од најстарите и водечки театарски институции во Македонија, основана во 1948 година.

Театарот го носи името на неговиот патрон Јордан Хаџи Константинов Џинот – првиот македонски драмски писател и основач на македонскиот театар. Театарот има долга и богата историја од 70 години продукција. Сите од водечките македонски театарски уметници ги започнале своите кариери токму на сцената на овој театар.

Театарот „Јордан Х.К-Џинот“, Велес е национална театарска институција финансирана од Министерството за култура на Република Македонија и има 40 вработени: 20 во уметничкиот ансамбл, 14 во техничкиот оддел и 6 во административниот оддел на театарот.

Театарот има нова репрезентативна театарска зграда со највисоки технички стандарди и театарски простор со голема сцена предвидена за 370 луѓе и мала сцена со отворен студиски концепт предвидена за 104 луѓе во публиката. Театарот има модерен технички систем со највисоки технички перформанси.

 

 Голема Сцена


Големата сцена е опремена со, 369 седишта со позиции на партер, балкон и две галерии. 

Светлосниот парк се состои од современи светлосни тела соодветни за театарски и изведбени уметности. Дигитализирана сценска механизација на горен погон (систем за чиги) и долен погон (модуларни платформи).  Комплетно опремен surround system со систем за мониторинг, како и современ инспициентски пулт.

Discover more

  Мала сцена

 

Оваа сцена се состои од целосно опремен светлосен парк и звучна опрема за претстави од камерен формат, капацитетот на публика е 104 седишта со модуларни платформи, како и кабина за светло и тон

Раководство 

Сашо Димоски

Генерален директор

 

Никола Игнов

Технички директор