Премиера 06 август 2023
EДВАРД ВТОРИ
Според Кристофер Марлоу
Копродукциски проект на НУЦК Театар „Јордан Х.К. Џинот“, Велес и Драмски Театар Н.О. Масалитинов, Пловдив, Р. Бугарија
РЕЖИЈА: Андриј Жолдак
ДРАМАТУРГ: Сашо Димоски
ТЕКСТ: Андриј Жолдак и Сашо Димоски (според Кристофер Марлоу)
СЦЕНОГРАФИЈА: Андриј Жолдак и Даниел Жолдак
КОСТИМОГРАФИЈА: Симон Мачабели и Раде Василев
АСИСТЕНТ НА РЕЖИЈА: Никола Кимовски
МУЗИКА: Сашко Костов
Улоги:
ЕДВАРД ВТОРИ – Илин Јовановски и Борис Крстев
ИЗАБЕЛА ДЕ ВАЛОА – Јована Миладинова
ПИРС ГЕЈВСТОН – Васил Зафирчев
КЕНТ – Јордан Витанов
МОРТИМЕР – Бранко Михајлоски
ЛАЈТБОРН – Кире Ацевски
ЕДВАРД ТРЕТИ – Никола Петковиќ
МАРГО – Сандра Танчева
ДВОРЈАНИ: Марија Баркова, Леонида Гулевска, Бобан Алексоски
ПАЖ – Тодор Стојковски
ИНСПИЦИЕНТ: Славиша Ѓеоргиев
СУФЛЕР: Орхидеја Дукова
ТЕХНИЧКИ РАКОВОДИТЕЛ: Никола Игнов
СВЕТЛО: Марјан Тодоровски, Зоранчо Јордев
ТОН: Дарко Спировски
РЕКВИЗИТ: Благој Илиев
ГАРДЕРОБЕР: Јулија Ангеловска и Елена Кочановска
ДЕКОРАТЕРИ: Игор Гаврилов, Хишам Латифов, Ѓоре
Павлов, Јовица Стаменковски, Трајче Кулев, Трајче Џајков
Претставата не е наменета за лица помлади од 16 год
Оваа претстава има неколку различни насоки: главната насока е приказната за „Едвард II“ во драмата на Марлоу, проследена од „Ричард II“од Шекспир. Темите на главната драма кои се интересни за мене и за кои зборуваме се: односот татко и син, во отсуство на мајката, мотивите на моќта и луксузот а со тоа и прекумерното уживање, енергијата на младите луѓе и нивната дирекност. Исто така, бракот на Едвард и создавањето семејство…и некомпатибилноста. Понатаму, промената на сексуалната ориентација на Едвард и неговата страсна љубов кон мажите. Смртта на таткото, на кралот, а со тоа и исчезнувањето на сите бариери и пречки за синот. Есенцијално е и лудилото на напуштената жена – сопругата и кралицата и планот да се убие сопругот. Исто така, темнината на човечката психа, психолошките и сексуалните односи помеѓу луѓето. Сепак, крајниот конфликт на 21 век е конфликтот за превласт, меѓу мажот и жената, и во текот на оваа претстава ќе видиме како тоа се одвива.