ПАНИКА

Паника

Премиера: 19 април 2024

Паника

Жанр: Драма

Според Мика Мулуахо

Адаптација и режија: Александар Ивановски

Драматург: Катерина Момева

Сценографија и дизајн на рекламен материјал: Филип Коруновски

Фотограф: Данчо Стефков

Звучни ефекти: Сашко Костов

Улоги: Стефан Николовски Филип Христовски. 

Инспициент: Славиша Ѓеоргиев

Суфлер: Орхидеја Дукова

Технички раководител: Никола Игнов

Светло: Марјан Тодоровски, Зоран Јордев

Тон: Сашко Костов Светло: Марјан Тодоровски, Зоран Јордев

Гардероба : Елена Кочановска

Реквизитер: Благој Илиев

Сценска техника: Игор Гаврилов, Јовица Стаменовски, Ѓоре Павлов, Хишам Латифов, Трајче Кулев, Трајче Џајков

времетраење: 01:35 мин.


Во драмата „Паника“ од Мика Мулуахо, а и со тоа и претставата се навлегува во најдлабоките теми на суштествувањето, прашања што го мачат секој човек кој сака да биде сакан и прифатен, а општествениот и социјален притисок наметнува стеги каде индивидуалниот идентитет се гуши, се преиспитува себеси, а преку оваа претстава сугерираме дека човек треба прво да се прифати таков каков што е, за да може да се промени. Ова е приказна за двајца другари што се немаат видено долго време и после многу поминати години и патешествија во животот, тие се соочуваат еден со друг, си помагаат еден на друг, се провоцираат еден со друг, преку што избиваат нивните внатрешни конфликти. Играјќи си со жанровите, понекогаш нештата изгледаат многу трагично, а има мигови кога не ќе можете да се воздржите од смеење, поради суптилниот хумор што се провлекува низ целото дело и преку кој се релативизираат проблемите, се разобличуваат карактерите со нивните човечки мани, оправдувајќи ја нивната несовршена природа. Режијата ја потпишува Александар Ивановски, а улогите ги толкуваат Стефан Николовски и Филип Христовски.






Filip Korunovski 29 април 2024
Share this post
Етикети
Archive
ЕДВАРД ВТОРИ
драма